Search

СДСМ: Фрустрираниот Мицкоски е против се, одработува за оние што сакаат да ја одалечат земјата од ЕУ и НАТО

Христијан Мицкоски е фрустриран затоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО.

Заканите од хибридни напади, лажните вести и манипулациите се само затоа нашата држава веќе годинава станува 30 земја членка на НАТО. Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат да продолжи напредокот, што стануваме членка на НАТО и напредуваме во интеграцијата во ЕУ. Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави