Search

Пленковиќ најави реконструкција на Владата во Хрватска

Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ изјави дека ја добил поддршката на членовите на Претседателството и на Националниот совет на партијата за да направи реконструкција на Владата.

,,Добив поддршка од членовите на Претседателството и на Националниот совет согласно мојата проценка да преземам се што е потребно за освежување во Владата, еден вид на реконструкција со цел амбициозно остварување на сите цели на програмата, квалитетно да се подготвиме за претседавањето со ЕУ, партијата да се консолидира и да се подготви за претседателските избори, да и дадеме цврста поддршка на Колинда Грабар-Китаровиќ”, рече Пленковиќ по состанокот на Претседателството и на Националниот совет на ХДЗ.

Треба да знаете
Последни објави