Search

Од 20 јули директна авиолинија од Сараево до Јордан

Компанијата „Флај Јордан“ од 20 јули ќе почне со директни летови од Сараево, Босна и Херцеговина, до Аман, Јордан, изјави Мато Зеко, амбасадор на БиХ во Јордан.

Летовите ќе се реализираат еднаш неделно, сабота, до крајот на октомври.

Доколку има голем интерес за оваа линија, отворена е можноста да функцонира во текот на целата година.

Зеко истакнал дека во Аман, кој има околу 4,5 милиони жтели, постои голeм интерес за туристичка посета на БиХ.

„Најголема пречка беше издавањето на визи, но сега ја уредивме таа област, така што оние кои поседуваат јордански патни исправи, максимум за три дена добиваат виза за БиХ, доколку секако ги поминат безбедносните проверки во Министерството за безбедност. Тоа значително го зголеми интересот за патување во БиХ“, рекол Зеко.

Треба да знаете
Последни објави