Search

Косово не му дозволи влез на српскиот министер за одбрана

На српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, не му бил дозволен влез во Косово и Метохија.

Вулин, со делегација на военото здравство, требало да го посетат Клиничкиот центар во Косовска Митровица.

„Во одговорот од Приштина е наведено дека не се во можност позитивно да одговорат на барањето, со што уште еднаш се покажа дека Рамуш Харадинај лаже“, се наведува во соопштението од кабинетот на Вулин.

Се додава дека планираната посета имало исклучително хуманитарен карактер.

Треба да знаете
Последни објави