Search

Швајцарските воздухопловни сили случајно прекинаа фестивал на јодлање

Командантот на воздухопловните сили на Швајцарија јавно се извини откако неговиот тим прелета преку погрешен настан.

Тимот на воздухопловните сили во понеделникот требаше да изврши летање над општината Лангенбрук, каде што се одржа настан за одбележување на стогодишнината од смртта на швајцарскиот пионер Оскар Бидер.

Но, групата по грешка прелета над Мумлисвил, област на 6,5 километри источно од нивната цел, прекинувајќи го локалниот фестивал на јодлање.

Швајцарското Министерство за одбрана соопшти дека прелетувањето не било претходно извежбано и дека тимот дополнително бил збнет од прелетувањето на хеликоптер. Авионите не биле опремени со GPS уреди, додаде министерството.

Треба да знаете
Последни објави