Search

Серена со Стрикова и Халеп со Свитолина во полуфиналето на Вимблдон

Големите фаворитки за титулата Симона Халеп и Серена Вилијамс без поголеми проблеми се пласираа во полуфиналето на Вимблдон.

Халеп обезбеди пласман во полуфиналето со победата во два сета над Шуаи Жанг, Кина. Иако во првиот сет беше одигран трај-брејк, сепак во вториот, седмата носителка на кинеската тенисерка и препушти само еден гем (6-1), со што за прв пат во својата кариера обезбеди место во полуфиналето на Вимблдон.

Противник на Халеп ќе биде Украинката Елина Свитолина, која со пласманот во полуфиналето на Вимблдон го оствари најголемиот успех во кариерата.Осмата тенисерка во светот во четвртфиналето славеше против изненадувањето на турнирот Чехинката Каролина Мухова со 7:5 и 6:4 за нешто повеќе час ипол игра.

Серена Вилијамс потешко од очечкувањата, со 2:1 во сетови и тоа 6:4,4:6,6:3, ја победи сонародничката Алисон РискПрвиот сет во кој имаше дури пет брејка, и припадна на Вилијамс која со третото одземање на сервисот на Риск дојде до 6:4.

Во вториот сет Рикс израмни на 1:1: но Вилијамс беше подобра во одлучувачкиот сет и се пласираше во полуфинале, каде ќе игра со  Барбора Стрикова од Чешка, која славеше со 2:0 (7:6, 6:1) во дуелот со Британката Џоана Конта.

Треба да знаете
Последни објави