Search

Општина Битола: Ќе го обновиме домот Копанки

Донесувањето на решение за делумно поништување на претходно донeсеното решение со кое сопственоста на објектот Копанки е утврдена на ПСК Пелистер, не претставува никаков обид за влијание и притисок. Напротив, значи спроведување на законска процедура која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Решението е донесено по целосна анализа од страна на стручните служби на Општина Битола на процесот на легализација на домот Копанки, соопшти Општина Битола.

Ккао што се наведува во соопштението, стручните служби заклучиле дека решението со кое е утврден правосилниот статус на домот Копанки е делумно ништовен. Во водената управна постапка е утврдено дека е прекршен Законот за постапување со бесправни објекти, во делот на впишување на сопственост.

,,Целата постапка е водена во функција на интензивирање на обновата на опожарениот дом, бидејќи досегашната динамика не дава сигурност за целосно завршување на процесот. Целта на локалната самоуправа е со донесување на ова решение и со конкретно испланиран буџет да се инвестира во планинарскиот дом Копанки. Токму моралната одговорност е една од причините за инвестиција во објектот Копанки, кој што е во интерес на сите граѓани. Општина Битола ќе ги почитува одлуките на органите и институциите во државата.
Копанки било и ќе биде на битолчани”, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави