Search

Косовски камион удрил во патарина кај Градско па избегал

На 09.07.2019 година во 00.31 часот на наплатната станица „Градско“ влекач „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки со приколка, управуван од засега  непознат возач, откако ја платил патарината, тргнал и со десната страна од  возилото удрил во наплатната кабина, со што предизвикал штета на наплатната кабина.

После тоа, возачот не застанал и продолжил со движење кон Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.  Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави