Search

Балотели може да се врати во Премиер лигата

Вест Хем има интерес кон италијанскиот напаѓач Марио Балотели, соопштува „Дејли телеграф”.

„Чеканите” почнаа да бараат заменик на австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ, кој беше продаден на кинески Шангај.

Во моментов 28-годишниот Балотели не е трансфер цел број 1 на лондонскиот тим, бидејќи тие го преферираат Макси Гомез од Селта.

Во последната полусезона, Балотели играше во Олимпик Марсеј и постигна 8 гола во 15 натпревари во Лига 1.

Покрај тоа, тој играл уште за екипите на Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Ница.

Треба да знаете
Последни објави