Search

Макрон идната недела во Белград

Францускиот претседател, Емануел Mакрон на 15 јули доаѓа во Белград, а како што се шпекулира, тој на разговори со Александар Вучиќ, би можел да дојде од Москва, каде што претходно домаќин ќе му биде Владимир Путин.

Пристигнувањето на Mакрон е прва посета на еден француски претседател на Србија во последните 18 години. Една од најважните теми на разговорите на двајцата државници ќе биде Косово, но според медиумите, повеќе внимание ќе биде посветено на европскиот пат на Србија.

Куриозитет е што Mакрон доаѓа само во Србија и нема да оди во било која друга земја во регионот, а исто така е значајно што ќе преноќи во Белград.

Медиумите пишуваат дека е интересен моментот на посетата бидејќи Макрон во последниве неколку месеци имаше негативен став кога станува збор за проширувањето на ЕУ, а особено по неодамнешниот самит на лидери на ЕУ кога се бира новите водачи на унијата, а е еден од најжестоките противници на почетокот на преговорите за Албанија и Македонија.

Треба да знаете
Последни објави