Search

Заврши сонот на Гоф, Халеп пресилна за тинејџерката

Настапот од соништата на 15-годишната Коко Гоф на Вимблдон заврши во четвртото коло, откако поранешната светска тенисерка број 1, Симона Халеп стигна до убедлива 6:3/6:3 победа и пласман во четврт-финалето на турнирот.

Американката, која се пласираше на турнирот преку квалификациите ја победи Венус Вилијамс на патот до четвртото коло, но Романката едноставно беше пресилна за неа. Гоф го загуби првиот сет со 6:3 и повторно загуби брејк на почетокот на вториот сет.Тинејџерката се врати со брејк по што спаси две меч-топки на свој сервис, пред Халеп да го комплетира триумфот.

На исходот на мечот влијаеше и здравствената состојба на Гоф, која во ториот сет побара меицински тајм-аут, која уште пред мечот имала силни желудочни грчеви кои се повторија за време на натпреварот. Тинејџерката доби и таблета од дежурниот лекар, но не и помогна.

Сепак, Гоф си оди дома побогата за 195.000 долари, трипати повеќе од колку што заработила во целата кариера, а значително ќе го поправи својот ренкинг на 313 место на светот.

Следна за Халеп е Кинеската Шуаи Жанг, која со 6:4/1:6/6:2 беше подобра од Украинката Дајана Јастремска.

Серена Вилијамс пак, немаше вакви проблеми и со 6:2/6:2 ја „растури“ Шпанката Карла Суарез Наваро. 37-годишната Американка во ниту еден момент не беше под закана од светската тенисерка број 31. за да победи по час и 5 минути игра и да обезбеди дуел со Елисон Риски, која претходно ја шокираше светската тенисерка број 1, Австралијката Ешли Барти.

Треба да знаете
Последни објави