Search

Трета Демирхисарска летна школа во манастирскиот комплекс во Слепче

На денот на раѓањето на свети Јован Претеча (Иванден), во манастирскиот комплекс „Свети Јован Претеча” во Слепче денеска ќе биде отворена третата Демирхисарска летна школа, која ќе трае до 14 јули.

Активностите на школата, на која ќе учествуваат  триесетина студенти, додипломци и постдипломци, ќе се одвиваат во пет научно-истражувачки секции предводени од познати професори и истражувачи: архитектура (проф. д-р Елизабета Касапова), археологија (проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и м-р Орданче Петров), историја на уметноста (проф. д-р Сашо Цветковски, координатор на школата), теологија ( м-р Виктор Недески)

Во рамките на школата ќе има повеќе предавања кои ќе бидат отворени за посетители. Оваа година школата е интернационална зашто ќе има  студенти и професори од Полска и од Босна и Херцеговина.

Посебно внимание ќе биде посветено на археологијата и археолошките истражувања во манастирскиот комплекс, со учество на дваесеттина студенти по археологија од Филозофскиот факултет при УКИМ од Скопје и од Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип. Ќе учествуваат и студенти од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, кои ќе се запознаат со делата на Слепченската резба од XVI-XVII век, а мотивите од резбата ќе ги вградат во своите идејни проекти за ентериерно уредување на сакрални целини.

Учесниците на школата ќе имаат и можност низ теренските предавања да посетат повеќе археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири, како и најзначајните места од Илинденскиот период – Смилево, Бабино, Велмевци, Вардино и Крушево.

Треба да знаете
Последни објави