Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против Н.Ш.(31) од Скопје, осомничен за тешка кражба.
Според полицијата кражбата била извршена на 25 јуни во времето од 15.30 до 16.45 часот на паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче. Крадецот насилно отворил автомобил „голф“ со со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.М., и одзел торба со лични предмети и спортска опрема, по што побегнал.
Полицијата вчера го уапсила Н.Ш. и тој го признал делото.