Search

Шкендија го претстави новиот дрес

 Шампионската екипа на Северна Македонија, Шкендија, ги претстави новите дресови, со кои ќе настапува на натпреварите од сезоната 2019/2020.

Во новиот дизајн на дресот со кој шампионите ќе играат на домашен терен повторно преовладуваат традиционалните „црвено и црни” на Шкендија.

Од Шкендија најавија дека екипата ќе има уште еден модел на кој ќе доминира белата боја, а кој ќе биде наменет за натпреварите кои ќе ги играат на гости, a на јавноста ќе и биде претставен набргу.

Првиот настап со новиот дрес „црвено-црните” ќе го имаат на натпреварот во вторник, 9 јули, против шампионот на Естонија, Номе Каљу, натпревар вреден и за првиот квалификациски круг на Лигата на европските шампиони. 

Треба да знаете
Последни објави