Search

Тинејџерот ја повлече тужбата за сексуално вознемирување против Кевин Спејси

Тинејџерот кој го обвини актерот Кевин Спејси дека сексуално го вознемирувал во 2016 година ја повлече тужбата. Ова значи дека момчето не може во иднина да ја повтори постапката против Спејси.

Тој бараше материјална отштета, а го обвинуваше актерот за експлицитно сексуално однесување во ресторанот „Клаб кар“ во Нантакет, Масачусетс.

Спејси од почетокот ги негира обвинувањата. Оскаровецот се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвинението на сослушувањето што се одржа во јануари.

Наводната жртва на Спејси е син на поранешната телевизиска водителка од Бостон, Хедер Анрах, која лани јавно проговори за овој случај. Таа го обвини Спејси дека најпрво го напил нејзиниот 18-годишен син, а потоа почнал да го допира по телото.

Кариерата на Спејси отиде во надолна линија откако неколку момчиња, меѓу кои и негови колеги, го обвинија дека сексуално ги вознемирувал.

Треба да знаете
Последни објави