Search

Сопатничка паднала од трактор и починала, возачот повреден

Вчера околу 9 часот во ПС Крива Паланка било пријавено дека на некатегоризиран пат во селото Горно Варовиште, кривопаланечко, кај месноста Санде-Калина, трактор со приколка, управуван од М.Ц. од истото село, се превртел, а приколката ја поклопила Р.Ц.(74), која била сопатник на тракторот.

Р.Ц. починала на местото на настанот, додека возачот М.Ц. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствен дом – Крива Паланка.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави