Северна Кореја протера австралиски студент под обвинение за шпионажа

Северна Кореја протера австралиски студент под обвинение за шпионажа. Тамошните државни медиуми објавија дека истрагата покажала дека Алек Сигли испраќал податоци и фотографии од Пјонгјанг до странски медиуми.

„Истрагата откри дека тој, поттикнат од ‘НК њуз’ (веб-страница со седиште во Сеул) и други медиуми насочени против Народна демократска република Кореја, во повеќе наврати предал податоци и фотографии што ги собирал и анализирал во Пјонгјанг, користејќи идентификациска картичка наменета за странски студенти“, објави севернокорејската државна агенција КЦНА.

Сигли, која бил притворен во Северна Кореја на 25 јуни, го признал делото и барал помилување. КЦНА објави дека тој бил протеран од Северна Кореја во четвртокот. Истиот ден пристигнал во Токио преку Пекинг.

Треба да знаете
Последни објави