Search

Путин и Ердоган телефонски разговараа за Сирија и Либија

Претседателите на Русија и на Турција , Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарале за состојбите во Сирија и во Либија.

„Двете страни изразија загриженост поради ситуацијата во Либија и нагласија неопходност од воспоставување на примирје и продолжување на преговарачкиот процес“,  се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Се додава и дека била истакната важноста за постигнување на договор за Сирија, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Во соопштението се вели дека разговорот го иницирала турската страна и било договорено контактот да биде продолжен на различни нивоа.

Ердоган му изразил сочуство на Путин по трагичната смерт на 14-те морнари во руската истражувачка подморница, кои денеска беа погребани на Сеафимовските гробишта во Санкт Петербург.

 

Треба да знаете
Последни објави