Search

За излез од Македонија на „Табановце“ се чека повеќе од еден час

Километарски колони се формираат за излез од Македонија преку граничниот премин „Табановце“, а времето на чекање изнесува повеќе од еден час. Четирите колони пред ГП Табановце се споени со автомобили,  изјавија за 24 Инфо граѓани кои се дел од долгите колони автомобили.

Според сликата од терен, двете страни на границата се споени со автомобили.

Воедно во овој период од годината е зголемена фрекфенцијата на возила на туристите.

Според последните податоци на Автомотосојузот на Македонија, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а ссообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
(В.А.)

 

 

Треба да знаете
Последни објави