Search

Дете од Хрватска со часови било затворено во автомобил на жештините, неговата состојба е тешка

Четиригодишното девојче, кое без свест било пренесено во болница од страна на Итната помош во Ровињ во четвртокот, уште е во тешка состоба и се наоѓа во болницата во Риека, пренесе „Хина“.

Агенцијата неофицијално дознава дека здравјето на детето е загрозено откако провело долго време во автомобилот на високи температури и најверојатно дехидрирало.

Девојчето итно било пренесено во Општата болница во Пула, а потоа и на натамошно лечење во риечката болница.

Се наведува дека родителите се наоѓаат во болница со девојчето, а полицијата ги утврдува околностите за настанот.

Треба да знаете
Последни објави