(Видео) Силна експлозија во шопинг центар на Флорида, најмалку 20 повредени

Најмалку 20 лица се повредени во силна експлозија што се случила пред околу два часа во шопинг центар на југот на американската држава Флорида.

Полицијата и пожарникарите се на самото место, а видеата и фотографиите на социјални мрежи сведочат за моќната експлозија.

„Асошиетед прес“ пренесе дека остатоци од градежни материјали летале и до 100 метри оддалеченост од трговскиот центар.

Пожарникарите потврдија дека повеќе луѓе се повредени и соопштиле дека се работи за експлозија на плин која најверојатно настанала во пицерија.

Треба да знаете
Последни објави