Search

(Видео) Пејачката Џош Стоун депортирана од Иран

Британската соул пејачка Џош Стоун вели дека била депортирана од Иран каде што била во текот на нејзината светска концертна турнеја, иако не планирала да настапи таму.

Пејачката објави видео на „Инстаграм“ на кое што покажува дека е покриена со шамија.

„Пристигнавме во Иран, нé уапсија и потоа нé депортираа“, напиша Стоун и додава дека соло изведбите на женски изведувачи во Иран биле нелегални, но, сепак, сакала да ја види земјата.

Стоун напиша дека иранските власти ја ставиле на црна листа, бидејќи се сомневале дека ќе одржи соло концерт. Претставниците на власта со кои се сретнала по пристигнувањето на островот Киш ги опишала како професионални за време на нивниот разговор.

„Тие се навистина добри луѓе кои се чувствуваат лошо затоа што не можат да ги надминат ограничувањата на системот“, навела пејачката.

Според иранскиот закон, жените не можат да изведуваат соло концерти, иако може да настапуваат во ансамбли и оркестри. Не е јасно што планирала Стоун да прави во Иран, иако на нејзиниот профил на „Инстаграм“ навела дека имала желба да ја покаже „позитивноста на нашиот свет“.

Стоун претходно објави видео од аеродромот на иранскиот остров Киш во Персискиот Залив, кој е слободна економска зона во која е дозволено патување на државјани од сите земји.

Треба да знаете
Последни објави