Шведски полицајки под закана да ѝ се покорат на Исламска држава или да бидат силувани

Триесет и четиригодишен маж во Шведска е осуден за изрекување закани откако им рекол на две полицајки да ѝ се покорат на Исламска држава или да се соочат со силување, пренесува „Нихетер даг“.

Фади Дауд беше осуден минатата недела за заканите изречени во Норркопинг во мај 2017 година. Полицијата одговорила на повик откако Дауд бил виден како се качува на балкон, а кога се спротивставил,  полицајците биле принудени да го совладаат.

„Фади извика неколку безобразни зборови кон нас како „курва” и „свинско копиле” и дека мораме да ѝ се покориме на Исламската држава бидејќи и двете ќе не силува”, рече една од полицајките.

По успешното притворање, полицајките велат дека Дауд продолжил да ги навредува и им се заканувал со силување на пат до полициската станица.

„Тој зборуваше за Исламска држава и праша дали знаеме што прават со курвите како нас“, вели полицајката.

Ико судските постапки започнале во ноември 2017 година, а датумот на судењето првично бил закажан за јануари 2018 година, процесот се соочил со одложувања. На крај, Дауд бил осуден на три месеци затвор и паричен надомест за двете полицајки.

Овој инцидент е последен во серијата на Дауд кој, наводно, бил вмешан во 21 случај од 2001 година и претходно бил осуден за неколку други кривични дела, вклучувајќи злоупотреба и прекршоци поврзани со дрога.

Треба да знаете
Последни објави