Техеран: Активен отпор против заканата на Трамп

Иран денеска соопшти дека „активен отпор” е противотров за предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп поради непочитување на нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили.

– Со излез од нуклеарниот договор Трамп го повреди патот на дипломатијата, а најдобар противотров за сите закани е активен отпор, изјави портпаролот на Високиот совет за национална безбедност, Кејван Косрави.

Тој додаде дека Иран е одлучен да продолжи со намалување на почитувањето на ограничувањата од нуклеарниот договор.

Трамп вчера го предупреди Иран да биде внимателен со заканите.

– Заканите можат да ви се вратат и да ве повредат како никој досега, нагласи американскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави