Стоилковски: Интонирањето на химната од Тамара беше начин да се удоволи на погрешните политики на Заев

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нецелосното интонирање на македонската химна и изоставувањето на македонските херои кои што ги содржи оригиналниот текст на химната, изјави портпаролот на партијата, Наум Стоилковски.

Се чини, додаде тој, дека изведбата на химната, односно нејзиното интонирање од страна на Тамара беше начин да е удоволи на погрешните политики на Зоран Заев креирани изминатиот период, а на сметка на државните и националните интереси.

„Ова е неприфатливо и е пример што се може да произведе кога премиерот си поигрува со нашата историја, со чувствата, со националните и идентитетските обележја. Добро е што во моментот што Тамара од своја страна се извини, но она што е за вистинска осуда е атмосферата креирана од страна на власта и на премиерот, а која во подолг период на срамен начин се доведуваат во прашање сите идентитетски обележја важни за Македонија и за народот. Со оваа влада за жал станавме општество кое што на дневна основа се доведуваат под прашање најсветите чувства на македонскиот народ“, рече Стоилковски.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ова го гледа како некое мерење на пулсот на јавноста за некоја нова можна верзија без овие имиња, Стоилковски рече дека во овој период сите идентитетски прашања се доведуваат под знак прашање.

„Како што слушнавме Тамара се извини, извинување пристигна и од власта меѓутоа многу извинувања пристигнуваат од страна на членови на владата и од „Илинденска“ бр.2, извинувања имаше и од Американската Амбасада. Реков станува збор можеби за грешка но, за осуда е нецелосното интонирање на химната и сето тоа токму во овој период на една креирана атмосфера каде што сите идентитетски прашања се доведуваат под знак прашање“, рече Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави