СДСМ: Градиме со онапред подготвен план

Tekовниот период се одвиваат интензивни градежни активности за реконструкција на клучните сообраќајници во општина Карпош. Само на оваа локација целосно се реконструираат три значајни сообраќајници.

Веќе привршува реконтсрукцијата на булеварот „Партизански одреди” од мостот „Обединети нации” до крстосницата со улица „Лондонска”. Вчера започна реконструкцијата на улицата „Московска” кадешто ќе се реконструира коловозот во вкупна должина од 690 метри и се очекува процесот да заврши за најмногу 20 дена. Претходно,во рекорден период од 20 дена, целосно е реконструирана улицата „Љубљанска” којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот.

По реконструкцијата на коловозот, екипите на ЈП „Улици и патишта” ги реконструираат и тротоарите по должината на улицата, а исто така, ќе се подигне и ново зеленило. Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев остануваат целосно посветени на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Карпош.Градиме по план, низ конкретни примери покажуваме што значи вистинска грижа за нашиот град.

Треба да знаете
Последни објави