Search

Признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Владата на седница денеска ја усвои и информацијата за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан.  Прес-службата соопшти дека основа за непречено признавање на квалификациите се системите за квалитет во високото образование преку практикувањето на одредбите од Стандардите и насоките за обезбедување квалитет во Европскиот простор на високо образование (ESG 2015) како и Националните рамки на високообразовните квалификации (QF EHEA).

-Декларацијата за признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан претставува израз на определбите за доследна примена на препораките од Болоњскиот процес, но и настојувањата за придобивка за граѓаните од овие земји, чија мобилност на пазарот на труд или во високото образование ќе биде непречена и едноставна, наведува владината прес-служба.

Треба да знаете
Последни објави