Search

Мапирање на јавните институции за бесплатен безжичен интернет

Информацијата за мапирање на јавните институции и локации за бесплатен WIFI пристап беше усвоена на денешната 142-та владина седница.

– Владата ги задолжи сите органи на државна управа, органи во состав и управни организации, во рок од седум дена да достават информации за нивното телекомуникациско поврзување, како и за локациите за бесплатен безжичен WIFI интернет пристап, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Истото, како што велат од Владата, им се препорачува да го сторат и сите самостојни органи и единици на локална самоуправа. 

Треба да знаете
Последни објави