Search

Ким Кардашијан доби спор тежок 2,7 милиони долари

Ким Кардашијан-Вест го доби спорот со „Мисгајдед“ и доби 2,7милиони долари откако ја обвини модната компанија за копирање на нејзината гардероба.

Кардашијан упати тужба кон брендот за кој тврди дека го користи нејзиното име за да продава облека и дека брендот е познат по копирање на дизајнерските парчиња кои таа ги носи.

„Мисгајдед“ се согласи да плати отштета во висина од 2,7милиони долари.

Старлетата вели дека многу често таа објавува фотографии во скапи креации и дека веќе за неколку часа на страницата на „Мисгајдед“ може да се забележат идентични дизајни.

Ким е позната по тоа што се облекува во креации од некои од највисоко рангираните дизајнери во светот, а често носи и парчиња креирани од нејзиниот сопруг Канје Вест.

Неодамна, Ким Кардашијан објави фотографија од неа во златен фустан дизајниран од Канје, а неколку часа подоцна „Мисгајдед“ објави слика од модел кој носи сличен фустан и под фотографијата напиша „Ѓаволот работи, но ‘Мисгајдед’ работи уште повеќе“.

Во тужбата, Ким вели дека „Мисгајдед“ не само што краде дизајни и концепти, туку и ги користи имиња и фотографии на јавни личности за да го промовира својот бизнис.

Треба да знаете
Последни објави