Во Луксембург почна 28. сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во денеска ќе ја отвори својата 28 сесија, на која ќе учествува и делегација од руски пратеници, пренесува ТАСС.

Сесијата ќе се одржи во Луксембург на 4-8 јули. По седницата се очекува да се усвои Луксембуршка декларација, која ќе содржи препораки до сите 57 земји-членки на ОБСЕ за политички, економски, безбедносни, контратерористички мерки како и мерки за заштита на животната средина, технолошки развој, човекови права и за хуманитарни прашања.

„Не очекуваме некаков напредок на седницата. На маргините,  се надеваме на контакти со американски парламентарци. Покрај тоа, во истиот формат, се надеваме на проширена соработка со претставници на земјите од ЕУ во контекст на ажурирање на составот на Европскиот парламент “, изјави за ТАСС шефот на Комитетот за меѓународни прашања на државната Дума, Леонид Слуцки.

Треба да знаете
Последни објави