Путин е подготвен да го засили дијалогот со САД во врска со разоружувањето

Русија е подготвена да го засили дијалогот со САД во врска со разоружувањето и стратешката стабилност, рече претседателот Владимир Путин во четвртокот, додавајќи дека разговарал за овие прашања со својот американски колега Доналд Трамп во Јапонија.

„Мислам дека постигнувањето конкретни мерки во областа на разоружувањето ќе придонесе за зајакнување на меѓународната стабилност. Русија има политичка подготвеност да го стори тоа. Сега е ред САД да одлучат”, изјави Путин во интервју за италијанскиот весник„Ил Кориере дела Сера”.

Путин, кој во четвртокот ќе се состане со папата Френсис и италијанскиот премиер Џузепе Конте, рече дека разговарал за овие прашања со претседателот Трамп на маргините од самитот на Г20 во Јапонија минатиот месец.

„Се чини дека Вашингтон почна да размислува за засилување на дијалогот со Русија за широка стратешка агенда”, додаде Путин.

Треба да знаете
Последни објави