Кисела Вода во соработка со УНДП успешно го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите”.

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП четвртта година по ред во рамки на програмата Општинско – корисна работа 2018 година, успешно го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите”.

Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со раководителот на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при Општината, Марјан Спасески на сите ангажирани лица во проектот им доделија потврди за успешно реализиран работен ангажман во рамките на програмата Општинско корисна работа 2018.

Имено, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година, Општина Кисела Вода преку програмата Општинско – корисна работа, во  јавните детски градинки и општински основни училишта ангажираше вкупно 27 невработени лица, од кои 10 негуватели, 1 личен асистент и 16 образовни асистенти. Избраните лица во период од 6 до 9 месеци вршеа работни активности преку кои имаа можност да се стекнат со практични искуства и вештини за нивно постепено вклучување на пазарот на трудот.

Носители на активностите на овој голем проект се: Секторот за локален економски развој, Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, Агенцијата и Центарот за вработување.

Треба да знаете
Последни објави