Идејата неговите телохранители да трчаат покрај автомобилот Ким Џонг-ун ја добил од Клинт Иствуд

Сликата на телохранители што трчаат покрај автомобилот на севернокорејскиот лидер предизвика голема атракција минатата година во Сингапур, каде што Ким Џонг-ун беше во посета на американскиот претседател Доналд Трамп по повод самитот.

Во книгата „Божествена совршена судбина на брилијантниот другар Ким Џонг-ун”, дописникот на „Вашингтон пост“, Ана Филфилд, открива дека „Ким ја добил идејата за човечки штит од Клинт Иствуд”.

Според неа, тој како дете го гледал филмот „На огнената линија“ во кој Иствуд глуми агент на американска разузнавачка служба која го чува Џон Кенеди, а Иствуд и други агенти трчаат околу автомобилот на претседателот.

Треба да знаете
Последни објави