Search

Турист загина во ерупцијата на вулканот во Италија

Едно лице загина во ерупцијата на вулканот на италијанскиот остров Стромболи. Локалните медиуми јавија дека станува збор за турист кој се искачил на врвот на вулканот кога се случила ерупцијата.

Низа ерупции на вулкан го погодија денеска Стромболи. Од кратерот излегувал густ црн чад. Италијанската новинаска агенција Анса јави дека туристи скокале во море, исплашени од неочекуваната експлозија на малиот медитерански остров.

Италија има три активни вулкани – Етна на Сицилија, Везув кај Наполи и Стромболи на истиомениот мал остров.

Треба да знаете
Последни објави