Search

Трамп нарача тенкови за парадата за Денот на независноста

Американскиот претседател, Доналд Трамп, распоредува тенкови, бомбардери и друга воена машинерија за прославата на Денот на независноста – 4 јули.

Парадата што Трамп ја нарече „Поздрав до Америка“ ќе чини околу 2,5 милиони долари, јавуваат американските медиуми.

„Трошокот ќе биде многу помал во споредба со тоа колку вреди“, напиша Трамп на „Твитер“ за парадата.

„Имаме авиони, имаме пилоти, аеродромот е близу, само гориво ни е потребно. Имаме тенкови и сè. Огнометот е подарок. Прекрасно“, додал тој.

Пентагон ќе организира прелети на Б-2 стелт бомбардери и други воени авиони над паркот во кој се собираат жителите на Вашингтон за 4 јули.

Треба да знаете
Последни објави