Search

Научниците докажаа: Јадете спанаќ за да бидете силни како Попај

Легендарниот лик од цртаните филмови, Попај, ги зголемуваше мускулите јадејќи спанаќ, а германските научници докажаа дека тоа е вистина.
Научниците од Берлинскиот универзитет и Светската (WADA) минатата недела објавија дека хемикалијата хидроксиекдисон или екдистерон, која се наоѓа во зеленчукот ја зголемува силата на спортистите и дека треба да се забрани како допинг.

Според истражувањето, спортисти во тренинг кои десет недели примале хидроксиекдисон преку додатоци на исхраната биле три пати посилни од оние кои тренирале со плацебо.
Многу видови зеленчуци содржат хидроксиекдисон, но спанаќот е најпознат меѓу нив.

Хидроксиекдисон или екдистерон е стероиден хормон кој е сличен на човечките андрогени каков што е тестостеронот.

Се смета за адаптоген, со оглед на способноста да промовира рамнотежа на телото и намалување на клеточниот стрес. На спортистите им е интересен бидејќи ги зголемува задржувањето на азотот и протеинската синтеза. Ја зголемува силата и издржливоста.

Научниците досега спровеле повеќе од 50 студии за екдистеронот и заклучиле дека: ја зголемува синтезата на протеините, ја зголемува вкупната количина на протеини и гликоген во мускулите, ја потиснува хипогликемијата, а силно го стабилизира нивото на шеќер во крвта, како гликемиски регулатор резултира со постојано чувство на висока енергија, го поттикнува вградувањето на гликоген во црниот дроб и мускулите, ги спречува високите нивоа на шеќер и инсулин, има силни анти-воспалителни својства,го намалува високото ниво на кортизол, ги зголемува атлетските перформанси со зголемување на работна способност и капацитетот на белите дробови, го намалува уморот и апатијата, а истовремено ја зголемува брзината и моќта.

Треба да знаете
Последни објави