Search

Илјадници пожарникари и војници се борат со пожари во Германија

Илјадници пожарникари, војници и припадници на цивилната одбрана и денес се борат со огромни шумски пожари во северна Германија, во областа што се користи за воени вежби.

Пожарот во Лубтен, околу 170 километри северозападно од Берлин, е најголем во историјата на сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија, објави агенцијата АП.

Официјални лица изјавија дека околу 600 хектари шума и ниска вегетација се погодени од огнената стихија.

Водата е пренасочена од реката Лаба, а армијата распореди хеликоптери и се подготвува за гасење на огнот.

Треба да знаете
Последни објави