Search

Села му врати на Груби, кој го нарече кукавица: Имаше среќа што не бев во Собрание

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Алсат М“ рече дека владината реконструкција била само козметика и дека не биле „изметени“ функционери во институции кои биле најскандалозни.

Тој ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.

Во врска со изјавата на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој од собраниска говорница го нарече Села кукавица и дека добил „ќотек“ бегајќи, оставајќи ги Заев и Талат“, лидерот на Алијансата возврати дека Груби имал среќа што во тој момент не бил во Собранието.

-Тој има такво однесување, како маже е, и сакаше Господ јас да не бидам таму, иако тој знае да глуми и да посочува со прст, еве го избега. Во моментот кога тој држел говор јас сум го поминал Кичево на пат кон Струга. Но, знаете што, мислам дека не вреди да се коментира политичкото однесување на еден човек што го знае целата јавност. Дека кога се ангажирал во политиката, Муса Џафери и Али Ахмети мерката не му ја земале од главата туку од друго место, рече Села.

Треба да знаете
Последни објави