Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше здравството, а денес е против подобра здравствена грижа за граѓаните и децата

ВМРО-ДПМНЕ партијата која заради бизнис и криминални интереси го урниса здравството, денеска шири невистини и е против унапредување на здравствениот систем и подобра грижа за граѓаните.

Како што јавно соопшти Министерството за здравство, предвидените 10 милиони и 930 илјади денари за образовни и договорни услуги за тимовите на интензивна хируршка нега при Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје, не се наменети за кадриоваскуларни болести кај деца.

Средствата се наменети за ангажман за доктори кои работат и обучуваат тим од детска хирургија во објаста на тешки неонатални аномалии на дигестивен тракт и белодробни аномалии, како и доктор кој оперира деца со вродени васкуларни  и лимфатични аномалии.

За овие операции во странство би се потрошиле повеќе од 400.000 евра.

Со оваа програма, најмногу придобивки имаат децата и нивните родители, кои наместо во странство, дома добиваат врвна експертиза и третман, како и тимот од детска хирургија кој се обучува преку оваа програма.

По сиот пустош што го направи за 11 години во здравството, ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири со тоа што се зголемува грижата за пациентите и особено децата, и со тоа што сите средства во здравството се со цел подобри, навремени и квалитетни здравствени услуги за граѓаните. 

Треба да знаете
Последни објави