Search

Први големи изненадувања на „Вимблдон”

Првите големи изненадувања во овогодинешното издание на „Вимблдон” се факт. Во првиот ден на Гренд-слем турнирот, Јиржи Весели успеа да го отстрани бр.5 во шемата Александар Зверев, елиминирајќи го со 3:1 во сетови – 4:6, 6:3, 6:2, 7:5.

Зверев беше сметан за еден од фаворитите на турнирот, но на крајот беше принуден рано да си го спакува багажот од „Ол Ингланд Клаб”.

Светскиот број 6, Стефанос Циципас, исто така, беше елиминиран на самиот старт. 20-годишниот грчки тенисер отстапи пред италијанскиот тенисер Томас Фабијано. Стефанос покажа силна психа и спаси два меч топки во тајбрејкот на четвртиот сет, но во крајна сметка, неговиот противник покажа подобра игра и го совлада со 6:4, 3:6, 6:4, 6:7 (8), 6:3.

Следна пречка пред Италијанецот ќе биде Иво Карловиќ (Хрватска).

Треба да знаете
Последни објави