Search

Опозицискиот руски лидер Навални осуден на 10 дена затвор

Московски суд денеска го осуди рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на 10 дена затвор прогласувајќи го виновен за кршење на закон за време на учеството во уличните демонстрации минатиот месец.

Навални беше меѓу повеќе од 500 демонстранти кои полицијата ги приведе во Москва и кои бараа казни за полицајците кои учествувале во апсењето на истражувачкиот новинар Иван Голунов.

Голунов беше уапсен на почетокот од јуни поради наводен обид за трговија со дрога. Тој беше ослободен после неколку дена, откако обвиненијата против него беа отфрлени поради недостиг на докази.

Треба да знаете
Последни објави