Search

Нема договор: Суспендиран самитот на лидери во Брисел

Портпаролот на Европскиот совет вчера еден час пред полноќ објави дека Доналд Туск, претседателот на Советот го суспендирал самитот. Сега ќе се организираат билатерални средби со лидерите, а Самитот на Советот ќе продолжи кога ќе завршат билатералните разговори.

Причината за суспенирањето на самитот е отсуство на договор меѓу лидерите на Европската народна партија откако Ангела Меркел на Самитот Г20 во Осака се договорила со францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер, Марко Руте, двајцата либерали и премиерот на Шпанија, социјалистот Педро Санчез за претседател на Европската комисија да го подржи социјалистот Франс Тимерманс.

На тоа се спротиставиле, пред се лидерите од источниот блок на ЕНП, Виктор Орбан, Бојко Борисов и Андреј Пленковиќ и Јанез Јанша, кои инсистираат ЕНП како партија со најголем број на пратеници да го добие местото претседател на ЕК. И ирскиот премиер Лео Варадкар потврди дека има несогласување во партијата, но дека ЕК им припаѓа ним. За таа позиција е кандидат Манфред Вернер од ЦДУ на Меркел.

Борисов жестоко ја ритизираше Меркел поради договорот во Осака и рече дека таа е само еден член на Советот на Европа од Европската народна партијаи оти  никој таму немал право да преговара во името на ЕПН.

Треба да знаете
Последни објави