Search

На Парадата на гордоста во Њујорк маршираа 150.000 луѓе

Околу четири милиони поддржувачи со знамиња со боите на виножитото излегоа на улиците во Њујорк да ги поздрават 150.000 лица кои маршираа на Парадата на гордоста, меѓу кои имаше политичари, претставници на корпорации и познати личности.

Оваа Парада, заедно со уште неколку други во поголеми градови во САД, ја одбележа 50-годишнината од настанот кој го поттикна модерното движење за правата на хомосексуалците.

Њујоршката Парада на гордоста траеше 12,5 часа, и на неа настапија многу музички ѕвезди меѓу кои и Мадона, Мел Си, Дебора Кокс, Џејк Ширс и други.

Треба да знаете
Последни објави