Search

Во Јапонија повторно дозволен комерцијален лов на китови

Во Јапонија, по 31 година, од денеска повторно е дозволен комерцијален лов на китови.

Првите бродови утринава испловија во првиот трговски лов по повеќе од три децении, предизвикувајќи осуда низ целиот свет.

Во декември, Јапонија одлучи да се повлече од Меѓународната комисија за лов на китови, што беше резултат на долгогодишната кампања на јапонската индустрија и премиерот Шинѕо Абе.

Според Агенцијата за риболов годинава квотата за лов на китови изнесува 227 единки.

Треба да знаете
Последни објави