Search

Во Лисабон казни за електрични тротинети на тротоари

– Властите во Лисабон одлучија од денеска да ги казнуваат сопствениците на електрични тротинети кои ќе бидат најдени на тротоарите во стариот дел на португалската престолнина.

Компаниите кои изнајмуваат електрични тротинети ќе мора да платат казна и до 300 евра доколку овие превозни средства се најдат на тротоари и други јавни површини. Компаниите, во зависност од одлуката, ќе плаќаат и трошоци за отстранување на скутерите.

Во изминатата година девет компании го преплавија Лисабон со илјадници електрични тротинети, што е дел од таканаречената револуција на микро-мобилност со која корисниците употребуваат тротинети за куси излети по градот.

Треба да знаете
Последни објави