Search

Берово дел од европската мрежа за јакнење на капацитетите на општините

Преставници на Општина Берово учествуваа на меѓународна конференција на тема „Социјални иновации како референтен модел и културно наследство”, што се одржа како дел од проектот за градење мрежа со општини од шест држави од Европа во Мелпиљано, Италија.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски наведе дека, недостигот на експертиза за управување со средствата е она што ги спречува малите градови целосно да го искористат својот потенцијал и средствата кои се нудат преку ваквите мрежи.

– Кога размислуваме за економски развој во малите и средните градови, културното наследство секогаш игра важна улога во секоја градска стратегија, особено во историските градови каде што валоризацијата на културното наследство останува една од најдобрите алатки за промовирање на социјалниот и економскиот развој. Меѓутоа, неколку фактори, како што се недостиг на финансирање, недостиг на експертиза за управување, ги спречуваат овие градови целосно да го искористат својот потенцијал, ограничувајќи го капацитетот за валоризирање на овие важни средства, истакна Пекевски.

Додаде дека учеството во овој проект за Општина Берово е од големо значење, најмногу заради промоција на своите туристички потенцијали.

Целта на „EUsave” мрежата е трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот преку обезбедување средства од COSME програмата на ЕУ.

Освен Општина Берово, дел од оваа европска мрежа е и Општина Струмица.

Треба да знаете
Последни објави