Search

ЈСП ќе ги враќа хартиените билети за едно возење

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење.

ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз, пишува Мета.

Избрана е компанија која доставила најдобра понуда, а Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.

Треба да знаете
Последни објави