Search

Протести против ДУИ во Тетово, демонстрантите бараат да се повлече законот за „бомбите“

И денешниот протест во Тетово не успеа да се реализира до крај. Демонстрантите беа блокирани од полицијата во моментот кога маршираа од ректоратот на Тетовскиот универзитет кон седиштето на ДУИ. Братот на Ел Чека, односно Шеќерим Ахмеди, кој веќе подолго време на социјалните мрежи објавува аудио снимки, пред се за функционерите на ДУИ,  пред демонстрантите рече дека бара поништување на Законот за прислушуваните разговори.

-Денеска не се собравме на сонцево за прошетка туку против мафиозната појава на албанската политика. Се собравме итно да побараме парламентот да започне постапка за укинување на законот кој го санкционира објавувањето на прислушуваните разговори на албански политички претставници. Ние бараме овој закон да се прогласи за неважечки-рече Блерим Ахмеди, братот на „Ел Чека“.

Шпетим Положани од Здружението на политички затвореници од Обвинителството побара да ги истражи објавените прислушувани материјали, каде според него има индиции за криминал и убиства.

-Да го искористам случајот со прислушуваните разговори, ние ќе побараме од Обвинителството официјално да отвори кривична постапка во врска со прислушуваните разговори. Има закон кој вели дека обвинителството отвора предмет по допрен глас. Има силна основа да се отвори предмет во обвинителство, за многу случаи, бидејќи постојат индиции за убиство, да не зборуваме за уцени, семејни вработувања, неморал-рече Положани.

Ова е втор протест организиран од братот на Ел Чека против ДУИ. Протестот следи по објавувањето на прислушуваните материјали на социјалните мрежи од страна на Шеќерим Ахмеди. Најавија нов протест, но кога ќе се одржи не е познато.

Извор: 21TV

Треба да знаете
Последни објави