Search

Два пожари кај Атина, загина едно лице

Два пожари избија денеска недалеку од Атина, во близина на депонијата во периферијата Атика и островот Егина, јавија грчките медиуми.

Како што наведе грчката новинска агенција „АНА“ пожарникарите пронашле тело на маж во фабрика во близина на пожарот кај депонијата, меѓутоа, засега не се потврдени причините за смртта.

Пожарот на Егина е делумно ставен под контрола.

Против пожарот кај депонијата се борат десетици пожарникари, на кои од воздухот им помагаат два авиона и два хеликоптери.

Треба да знаете
Последни објави