Путин: Елтон Џон е генијален музичар, но погрешно ги сфаќа правата на ЛГБТ луѓето

Рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека британскиот пејач Елтон Џон погрешно разбрал за правата на ЛГБТ луѓето во Русија, истовремено фалејќи го како музички гениј.

Британскиот пејач во петокот соопшти дека е длабоко вознемирен поради коментарот на Путин дека политиката што го признава мултикултурализмот и родовата различност во општеството е застарена и дека повеќето луѓе во западните земји ги отфрлаат таквите либерални вредности.

Британскиот музичар на неговиот инстаграм-профил реагираше на интервјуто од рускиот претседател за „Фајненшел тајмс“ во кое Путин вели дека во Русија немаат ништо против луѓето со нетрадиционална сексуална ориентација.

„Го почитувам многу, тој е брилијантен музичар, сите ние уживаме во неговата музика, но мислам дека е во заблуда“, изјави Путин за новинарите во Осака на прашање за коментарите на Елтон Џон.

Тој додаде дека руските власти имаат релаксиран и непристрасен став кон ЛГБТ луѓето, но дека одлуки за родовиот идентитет може да носат само возрасните и според тоа малолетниците треба да се изостават од таквите влијанија. Всушност, рускиот закон ја забранува промоцијата на хомосексуалност меѓу малолетниците.

Путин, исто така, рече дека не ја негира атрактивноста на либералните вредности, но во интервјуто тој повеќе мислел на ситуации во кои тие го нарушуваат традиционалниот животен стил.

Треба да знаете
Последни објави